Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова Фејсбук апликација тешка само 252 КБ

Нова Фејсбук апликација тешка само 252 КБ

Фејсбук одсекогаш сакал да им биде на услуга и на луѓето со послаби интернет конекции, а сега им понудил на овие корисници и наменска апликација која го носи името Фејсбул Лајт.

Оваа апликација која засега е достапна само на Андроид телефоните и во одредени земји е „тешка“ само 252 КБ и е дизајнирана посебно да работи на 2G мрежи и во областите каде поврзувањето е слабо.

Оваа апликација е базинрана на „Snaptu“ верзијата на Фејсбук која работи на обични телефони, но со додадени функционалности како што се известувања и интеграција на камера.

„TechCrunch“ известува дека апликацијата веќе е покрената како тест во неколку земји во Африка и Азија минатата недела, но дека поширока објава за сега не е сигурна.
За Фејсбук одамна се знае дека нивната иднина лежи во мобилниот простор, но доколу сакаат да го продолжат растот, мора да ги привлечат корисниците во земјите каде интерентот е многу слаб.
Според предвидувањата, продажбата на смартфони ќе порасне за 15 одсто оваа година, а Бангладеш, Нигерија и Виетнам се меѓу најбрзо растечките земји за освојување со нови смартфони, па никој не треба да се чуди што се на листата за објава на Фејсбук Јајт апликацијата.
Слично

Поврзани вести