Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова експозитура на Стопанска банка а.д. Битола во центарот на Скопје

Нова експозитура на Стопанска банка а.д. Битола во центарот на Скопје

Стопанска банка а.д. Битола од денеска отвори нова експозитура во непосредна близина на плоштадот Македонија на ул. Македонија бр.20. Експозитурата e 17-та по ред, и е уредена и опремена според највисоките европски стандарди.

Новата експозитура, сместена на најфреквентната локација во градот, овозможува лесна достапност и непречена комуникација на клиентите со вработените и претставува уште еден чекор напред во определбата на Банката за сеопфатно задоволување на потребите на сегашните и идните клиенти.

Стопанска банка а.д. Битола и во иднина ќе продолжи да ја исполнува својата стратешка определба за надградување на своите услуги и развивање на своите производи, а со цел да ги задоволи потребите на клиентите во согласност со европските трендови и стандарди.

Стопанска банка а.д. Битола е банка блиска до своите клиенти.

Слично

Поврзани вести