Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност

Нов учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на  Република Македонија на 101-вата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на "Шпаркасе Банка Македонија" АД Скопје ѝ даде дозвола да основа Одделение за работи со хартии од вредност. Со Одделението во наредните три години ќе раководи Драган Илкоски. Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност. И тоа:

-купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;

-купување и продавање на хартии од вредност по налог и за своја сметка;

-управување со портфолио на хартии од вредност;

-вршење на активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;

-дејствување како покровител при котација;

-инвестициско советување;

-активности за сметка на трети лица за преземање на акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;

-чување на хартии од вредност;

-прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и

-вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

 „Шпаркасе Банка Македонија" АД Скопјепреку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11-ти овластен учесник на нашиот пазар на хартии од вредност. На седницата што се одржа денеска на 21 ноември, 2016 година, КХВ обнови една дозвола за брокер и издаде една лиценца за инвестициски советник. 


Слично

Поврзани вести