Нов циклус на Виртуелна берза – едукативен портал на Македонската берза
Од утре, 01.10.2015 година започнува третиот циклус на ВИРТУЕЛНАТА БЕРЗА, едукативен портал на Македонската берза во рамките на кој се организира и наградна игра.
Учесниците во играта ќе имаат можностпа во наредните девет месеци (заклучно со 30.06.2016 година) да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.
Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во која целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото кое преку купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација, треба мудро да се управува.
Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење, како и наградите што ќе се доделуваат на најуспешните корисници во Виртуелната берза можат да се најдат на следниот линк:http://www.mse.mk/mk/virtual- berza
Регистрација за учество во играта може директно да се направи преку линкот:
http://www.mse.mk/mk/virtual- berza/registration
Слично
