Нов скандал со говедско месо – откриен антракс во Унгарија
Во источна Унгарија е откриено говедско месо заразено со смртоносен антракс. Пет лица се хоспитализирани под сомнение дека се заболени, соопшти Унгарската национална служба за јавно здравје.
Антраксот бил откриен во смрзнато говедско месо, а стоката нелегално била заклана и обработена на фарма на околу 160 километри од Будимпешта.
Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори „Bacillus anthracis“. Иако антраксот претежно ја погодува само домашната стока и дивите животни, луѓето можат да се инфицираат преку директен и индиректен контакт со заразените животни.
Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата. Симптомите се различни - од кожни рани, гадење, повраќање, па до системски шок и откажување ан органите.
Вчера кај говедско месо во Романија беше потврдена болеста кравјо лудило, што веќе предизвика Русија да го забрани увозот на месо и преработки од оваа земја.
Кравјото лудило се врати во Романија, има ли опасност за Македонија?
Слично
