Нов промотивен пакет од ПроКредит Банка со Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9 отсто на 95 месеци
ПроКредит Банка ги претстави промотивнитепакети со Потрошувачки кредит со атрактивна фиксна каматна стапка почнувајќи од 4,9% на период од 95 месеци кои нудат олеснет пристап до финансирање.
Согласно различните потреби на клиентите, банката нуди повеќе промотивни потрошувачки пакети кои покрај потрошувачки кредит вклучуваат и минус на плата и кредитна картичка, кои на клиентите им овозможуваат комплетно решение и финансиска поддршка за нивните секојдневни потреби.
Со слоганот „Сите врати се отворени“, овој пакет е дел од кампањата што симболизира нови можности, поедноставен процес на одобрување кој заштедува време и овозможува значителна заштеда во административни трошоци.
· Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% – фиксна месечна рата која ќе ви помогне во сигурно планирањето на вашиот домашен буџет.
· Без осигурителна полиса – намалени вкупни трошоци за исплата на кредит.
· Без гаранти – поедноставен процес на одобрување.
· Без нотарски заверки за одредени пакети – дополнителна заштеда и пократок административен процес.
„За нас “Сите врати се отворени” значи дека сме банка која е достапна секогаш и секаде и која нуди комплетни, едноставни и лесно достапни финансиски решенија за граѓаните. Преку нашите модерни дигитални услуги, 24/7 зоните и проширената мрежа на експозитури на клучни локации, овозможуваме брзо, флексибилно и едноставно банкарско искуство. Широкото портфолио на производи, како и траспарентните и фер цени на услугите, гарантираат вистинска вредност за нашите клиенти.“ вели Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица од ПроКредит Банка.
Промотивната понуда е наменета за сите тековни и нови приматели на плата во ПроКредит Банка.Процесот за аплицирање е брз и едноставен, без разлика дали клиентите ќе аплицираат онлајн на веб страницата или ќе ја посетат најблиската услужна единицана ПроКредит Банка. Понудата е со ограничено времетраење.
Прочитајте повеќе тука.
ПР објава