Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов паркинг во Центар, еден час ќе чини 25 денари

Нов паркинг во Центар, еден час ќе чини 25 денари

Пуштен е во употреба новоизградениот паркинг покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сместен зад објектот на Автомото сојузот на Македонија. Со него ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а има капацитет за 111 возила и површина од 1.389 метри квадратни.

Како што информираше градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а за реализација на проект  од градската каса се издвоени 2,8 милиони денари. Целта е со новиот паркинг, на жителите на околните згради и на вработените во институции да им се овозможи полесно наоѓање место за возилата.

Еден час паркирање ќе чини 25 денари, а станарите на околните згради ќе добијат попусти. Паркиралиштето го направија екипите на ЈП „Улици и патишта“, информираат од град Скопје.

Слично

Поврзани вести