Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Битола

Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Битола

ЕВН Македонија го отвори новиот Кориснички енерго центар во Битола за корисниците во овој реон. Новиот објект е лоциран во населбата Боримечка на површина од близу 1000 м2 и е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено. Соодветниот паркинг простор овозможува и полесен пристап до КЕЦ-от, а општите и специфични услови за работа на вработените се надградени.

На свеченото отворање на присутните им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер .

„ЕВН Македонија постојано ги надградува услугите за своите корисници со што овозможи висок стандард во опслужувањето. Но и покрај модерните електронски услуги, постојат одредени услуги за кои нашите корисници сакаат да се обратат во КЕЦ-от, истакна г. Петер. Отворањето на новиот Кориснички енерго центар на ЕВН во Битола е дел од стратегијата за постојано унапредување на односите со корисниците. Ова е местото каде  што секој корисник треба да се чувствува добредојден“, додаде Петер.

Во последните седум години, ЕВН Македонија инвестираше близу 5 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Битола. Реконструирани или изградени се нови 50 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и  мрежа во должина над 190 км.  

ЕВН Македонија ќе продолжи со спроведување на мастер планот во кој значајни средства за нови инвестиции се одвоени за Битола и соседните локални заедници. 

Слично

Поврзани вести