Нов конкурс на Движењето „Браво сине!“ за млади креативци
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво сине!“ ги повикува сите млади дизајнери и илустратори кои чувствуваат креативен порив заилустрација на бајки од народното творештво наменети за деца од предучилишна возраст, да ги пријават своите оригинални решенија на конкурсот што трае до 15. декември 2015.
Единствен формален услов е да бидете државјанин на Република Македонија, на возраст до 35 години. Сето останато е до вашата смелост современо да визуелизирате дела од народното творештво и до вашата креативност и мотивација.
Формалните информации и пропозиции, како и 4-те јазично веќе адаптирани бајки ќе ги најдете на www.bravosine.mk.
Има доволно време – работете и покажете ја сопствената кретивност!
Ние веруваме во креативната енергија во Македонија и затоа ја поддржуваме и се обидуваме да создадеме уште еден „вентил“ за нејзин израз.
„Браво сине!“
