Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ЕКСПЕРИМЕНТ ВО ШВЕДСКА: Што нудат сега работодавачите?

НОВ ЕКСПЕРИМЕНТ ВО ШВЕДСКА: Што нудат сега работодавачите?

Шведски работодавци понудија на вработените да добијат една недела дополнителен платен одмор, ако вежбаат или танцуваат по три часа неделно.

Целта на иницијативата е да се намали стресот на работното место и да се промовира грижата за сопственото здравје.

Антонио Парамио е координатор во голема енергетска компанија во Шведска. Раскажува дека работата му создава стрес секоја минута и ќе се обиде да се ослободи од него така што ќе трча во паркот и оди на фитнес секоја недела. 

„Решив дека нешто треба да се направи. Една недела дополнителна за одмор со спорт не е нешто страшно“- вели Парамио.

Работодавачите сметаат дека со иницијативата ќе се намали ризикот од развој на болести поврзани со стресот кај вработените. 

На крајот на годината шведските компании ќе ги земат в предвид резултатите.

Слично

Поврзани вести