Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов циклус на Smart Start, студентска програма за професионален развој во Телеком

Нов циклус на Smart Start, студентска програма за професионален развој во Телеком

Почнува вториот циклус на Smart Start – студентска програма на Македонски Телеком. Ова е можност, а воедно и предизвик за професионален развој и практично искуство за студентите коишто ќе работат на конкретни проекти под лидерство на врвни професионалци.

Програмата е наменета за студенти од втора година до крајот на дипломските студии, како и за постдипломците, и се состои од 14 атрактивни проекти од областа на дигиталната трансформација. Опсегот на теми е широк и опфаќа повеќе деловни области: техника, ИТ, економија, маркетинг, е-бизнис, комуникации, аналитика на податоци, управување со производи итн.

Со учество во проектите, студентите ќе создаваат напредни дигитални услуги со врвна технологија, но ќе учат и агилно работење и дизајнерско размислување, коишто се високо ценети на пазарот на трудот.

Со Smart Start, младите имаат можност да го почувствуваат ритамот на работа во една голема интернационална компанија којашто е лидер во својата индустрија, но и да ја почнат својата кариера во Телеком. Програмата нуди извонредни можности и отвора простор за развој на млади талентирани кадри.

Повеќе информации на следниот линк.

ПР објава

Слично

Поврзани вести