Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ноќен шопинг и големи попусти во сабота во Рамстор

Ноќен шопинг и големи попусти во сабота во Рамстор
Во сабота на 22-ри декември,  од 20 до 23 часот ќе се случува „Foursquare Swarm“ настан во трговскиот центар Рамстор, што значи ноќен шопинг и swarm значки во над 30 продавници, кафулиња и ресторани. За оние кои што сакаат да учествуваат че треба во зададениот временски период да се чекираат во Трговскиот центар Рамстор преку мобилниот сервис за социјално вмрежување Foursquere и да не се чекират потоа на ниту едно друго место до 23 часот. Оваа година предизвикот како и наградите се поголеми, целта е 500 чекирања во период од 3 часа, а со тоа и освојување на Super Duper Swarm значката. „Во текот на трите трескавични часа, попусти и понуди ќе има во повеќе од 30 продавници, ресторани и кафулиња, а работното време на Рамстор ќе биде до 00.00 часот. Попустите ќе може да ги искористат ониe кои ќе се чекираат. Дел од продавниците подготвија навистина големи попусти и понуди кои ќе бидат достапни по отворената Super Duper Swam значка, изјави Елена Џиковска, маркетинг асистент во ТЦ Рамстор. Од Рамстор  за во сабота, најавуваат целовечерна забава и концерт во живо на скопската група Пеперминт.
Слично

Поврзани вести