Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Инвестициски Пар: Како да комбинирате сигурност и повисок принос?

НЛБ Инвестициски Пар: Како да комбинирате сигурност и повисок принос?

Во услови на постојани економски промени, инфлација и динамични финансиски пазари, сè повеќе луѓе се соочуваат со истото прашање: како најдобро да ги заштитат и истовремено да ги зголемат своите средства? Зголемените трошоци за живот, инфлацијата и неизвесноста на глобалните пазари ги тераат луѓето да размислуваат подлабоко. Класичното штедење во банка долго време беше најчестиот избор, но денес сè повеќе инвеститори сфаќаат дека само сигурноста не е доволна – потребен е и потенцијал за раст.

Од друга страна, директното инвестирање може да изгледа комплицирано и ризично, особено за оние кои немаат искуство или време активно да ги следат пазарите. Токму затоа, најголем дел од современите финансиски стратегии се базираат на баланс, комбинација на сигурни и подинамични инструменти.Во таа насока, НЛБ Фондови во соработка со НЛБ Банка го нуди производот НЛБ Инвестициски Пар.

Паметна распределба – основа на секоја успешна стратегија

Еден од најважните принципи во инвестирањето е диверзификацијата. Наместо сите средства да се вложат на едно место, тие се распределуваат во различни инструменти со различен профил на ризик и принос.

Со ваков пристап:

·  се намалува влијанието на пазарните осцилации

·  се зголемува стабилноста на вкупното портфолио

·  се создава можност за оптимален баланс помеѓу сигурност и раст

НЛБ Инвестициски Пар е дизајниран токму врз овој принцип.Нуди едноставно решение кое ги комбинира најдобрите карактеристики на штедењето и инвестирањето.

Како функционира НЛБ Инвестициски Пар?

Овој производ ги дели вашите средства на два комплементарни сегменти:

  • Орочен депозит – обезбедува сигурност, стабилност и однапред позната каматна стапка
  • Инвестициски фонд – нуди можност за повисок принос преку вложување во инвестициски фонд на меѓународните финансиски пазари

Со оваа комбинација:

  • дел од средствата остануваат заштитени
  • дел активно работат за да генерираат дополнителен принос

Овој пристап е особено корисен за оние кои сакаат постепено да влезат во светот на инвестирањето, без целосно да се откажат од сигурноста.

Избор на инвестициски фонд

Во рамки на производот, можете да изберете фонд кој најмногу одговара на вашите очекувања и толеранција на ризик:

  • НЛБ Топ Брендови – вложување во глобално познати и стабилни компании
  • НЛБ Америка – фокус на најголемата и најразвиена економија во светот
  • НЛБ БРИК – изложеност на пазари во развој со повисок потенцијал за раст

Ова ви овозможува да ја прилагодите вашата инвестиција според личните цели - дали преферирате стабилност, раст или комбинација од двете.

Три опции за распределба на средствата:

Можете сами да изберете како ќе ги распределите вашите средства меѓу депозитот и фондот:

• 70% депозит – 30% инвестициски фонд Каматни стапки: 3,00% (13 месеци), 3,20% (25 месеци), 2,50% (36 месеци).

• 50% депозит – 50% инвестициски фондКаматни стапки: 2,90% (13 месеци), 3,10% (25 месеци), 2,40% (36 месеци).

• 30% депозит – 70% инвестициски фондКаматни стапки: 2,80% (13 месеци), 3,00% (25 месеци), 2,30% (36 месеци).

Овие опции ви даваат можност да изберете стратегија која најдобро одговара на вашите приоритети.

Дополнително, можете да изберете период на орочување од:

  • 13 месеци
  • 25 месеци
  • 36 месеци

Ова ви овозможува да ја усогласите инвестицијата со вашите финансиски планови, без разлика дали штедите на среден или подолг рок.

Главни предности на НЛБ Инвестициски Пар

  • Сигурност: Вашите средства се заштитени преку депозитот.
  • Заработка: Потенцијално повисок принос преку инвестирање во фондови.
  • Флексибилност: Вие одлучувате за периодот на орочување (13, 25 или 36 месеци), за соодносот на вложување и во кој фонд ќе вложувате.
  • Едноставност: Со еден договор добивате два производи кои работат заедно во ваша корист.

За кого е наменет?

Овој производ е идеален за:

·  лица кои сакаат да направат прв чекор во инвестирањето

·  штедачи кои бараат подобра алтернатива од класичен депозит

·  инвеститори кои сакаат балансиран пристап без сложени стратегии

Како да започнете?

За да започнете, доволно е да ја посетите најблиската експозитура на НЛБ Банка. Финансиските советници ќе ви помогнат да ја изберете најсоодветната комбинација според вашите цели и профил.За повеќе информации, јавете се на 02/60 90 300.

Промотивен период – дополнителна вредност

Во моментов, НЛБ Инвестициски Пар е достапен со специјална промотивна понуда до 10 мај, која овозможува:

  • без влезни провизии за уплата во инвестициски фонд

Ова претставува одлична можност да започнете со инвестирање под поволни услови и да го искористите целиот потенцијал на комбинираниот пристап.

Изберете стратегија која работи за вас – комбинирајте сигурност и раст со НЛБ Инвестициски Пар.

Слично

Поврзани вести