НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“
Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започна промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг.
За таа цел, за секоја дадена изјава преку онлајн формата на веб-страницата на Бaнката www.nlb.mk вo текот на месец декември 2021 година, Банката ќе обезбеди по една садница за обнова на шумскиот фонд во малешевскиот регион кој летово беше зафатен со големите шумски пожари.
За потсетување, НЛБ Банка поттикната од серијата пожари кои летово предизвикаа огромна штета на шумскиот фонд во земјата, во септември годинава донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово, која беше посочена како неопходна за превенција и справување со пожари.
