Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“

Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на  Собранието во Скопје -  уште еден во низата банкарски објекти со модерен ентериер, професионален консалтинг и технолошки решенија за побрзо и поедноставно банкарско искуство.

Лоцирана на истата адреса, на ул. „Градски ѕид“, блок 2, реновираната експозитура се простира на површина од 140м2 и претставува современ деловен простор, насочен кон обезбедување напредно дигитално клиентско искуство. Досегашното благајничко работење на експозитурата е заменето со безготовинско работење, додека уплатата и исплатата на готовина, плаќањето режиски трошоци и останатите банкарски трансакции се реализираат преку 24/7 самоуслужната зона, опремена со два банкомати за уплата и исплата на готовина.

Во експозитурата е достапна и CDS машина (Cash Deposit System) која им овозможува на правните лица брзо и едноставно депонирање готовина, во согласност со потребите на современото деловно работење.

Покрај дигиталните и самоуслужните решенија, експозитурата располага и со интерактивни зони за професионален консалтинг со банкарски експерти, насочен кон финансиско советување, кредитирање, лично банкарство и избор на соодветни банкарски и небанкарски продукти. Во експозитурата е обезбедена и поддршка од лицекое ги пречекува клиентите, ги насочува кон соодветната услуга и им помага во полесно користење на достапните дигитални и самоуслужни решенија.

Ова реновирање е дел од пошироката стратегија за модернизација на продажната мрежа на Банката, водена од забрзаната технологија и сè поголемата побарувачка на дигитални решенија од страна на клиентите чии приоритети стануваат самостојно, симплифицирано, брзо, лесно, а сепак безбедно банкарско работење. Воедно, концептот на модернизација на мрежата на експозитури на НЛБ Банка ја следи групациската стратегија за одржливо финансиско работење, која во еден сегмент подразбира и автоматизација на процесите и намалување на употребата на хартија или целосно безхартиено банкарско работење онаму каде што е тоа возможно.

Експозитурата го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.


Слично

Поврзани вести