Ниски откупни цени за јагнешкото месо
Оваа година поради ниските цени за откуп на јагнешко месо, пласманот е послаб од минатата година.
Откупната цена годинава изнесува 130 денари за килограм жива мера или за скоро 30 денари помалку од претходната година.
Според извозниците проблемот е во поголемата понуда и пониската цена на пазарите каде што традиционално се продаваат јагнињата од Македонија.
Фрамерите тврдат дека поради ниската цена која не атрактивна, се продадоа 100.000 наместо 150.000 јагниња. Ова ги натера многу од македонските сточари да ги задржат женските јагниња, наместо да ги продаваат за ниска цена.
Поради Католичкиот Велигден пракса од претходните години е да има поголема побарувачка за јагнешко месо. И пред неколку години сточарите беа разочарани од ниските цени за јагнешкото месо. Пласманот на јагнешкото во странство е 85% од производството и носи годишен прилив до 15.000.000 евра.
Слично
