Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Земјата мора да се врати во рацете на вистинските земјоделци

Николовски: Земјата мора да се врати во рацете на вистинските земјоделци

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера оствари средби со жителите на Црнилиште, Мустафино и Амзибегово. „Земјоделците во овчеполието се пожалија за скапото производство, нерешениот пласман, ниските откупни на земјоделските производи. Главниот проблем со којшто се соочуваат земјоделците од овој крај е немањето доволно земја за обработка. Револтот е насочен кон неправедната  поделбата на државната земјоделска земја којашто е во рацете на неколку луѓе блиски на власта и Никола Груевски“, соопштија од кабинетот на опозицијата.

Земјоделците кажуваат дека овие луѓе  блиски до власта земјата ја користат само за субвенции без притоа да ја обработуваат. Земјоделците го посочија и примерот со случајот Џумајлија и Субрата Рој поради што 5000 ха четири години по ред стојат напуштени.

Слично

Поврзани вести