Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски вети поддршка за откупувачите на земјоделски производи

Николовски вети поддршка за откупувачите на земјоделски производи

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во струмичко се сретна со откупувачите на земјоделски производи и порача дека министерството треба да биде партнер на откупувачите. 

„Откупувачите ќе бидат наш партнер во текот на работата и во тек на креиорањето на политиките во периодот што следи. Задолжително институциите при носењето и на законите и на подзаконските акти ќе мораат да ги консултираат и откупувачите и другите засегнати страни во тек на носењето на сите прописи со кои се регулира токму нивната работа. Тоа  е обврска која мора да ја преземеме“ - рече Николовски.

Тој ги слушнал проблемите со кои тие се соочуваат. 

Николовски вети поддршка на откупувачите со цел извозот да се зголеми. 

Слично

Поврзани вести