Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Вакцини за болеста „јазлеста кожа“ се уште нема

Николовски: Вакцини за болеста „јазлеста кожа“ се уште нема

„Болеста „Јазлеста кожа“ се шири, сточарите се оставени без потребаната заштита и помош од државните институции, што е недозволиво. Одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство упорно, преку провладините медиуми, ја манипулираат јавноста наместо да се зафатат со активности за сузбивање на болеста“, обвини денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Тој ги демантира тврдењата на АХВ дека вакцини се набавени, но вели вистината е сосема спротивна а вакцини сеуште нема.

АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста.

„Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.

Договорот за набавка на вакцините е потпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија“, вели Николовски.

Целосен заштитен имунитет животните стекнуваат после третата недела од вакцинирањето. Што да прават сточарите за ова време? задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!

Тој заклучи дека одговорност за  задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!

Слично

Поврзани вести