Николовски побара Косово веднаш да ги укине царините
Од Белград денеска министерот Николовски ја повика косовската влада веднаш да ја укине царината која ја воведе пред неколку дена а со која директни штети трпат македонските земјоделци.
Заедно со колегите од регионот Николовски ја поздрави одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но, побараа од Приштина итно и целосно да ги укине воведените зголемени царини за извоз на земјоделски производи

КОСОВО ПРЕД ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ: Можни штети од 1,3 милиони евра за земјоделците
Николовски, посочи и дека лани извозот од Македонија во Косово на земјоделски производи
само во првите шест месеци бил над 6
милиони евра. Тој вели дека Владата и министерството ги разгледуваат мерките за
ублажување на штетите кои би ги претрпеле земјоделците доколу мерката не се
повлече.
„Дополнително, работиме на сите анализи и и разгледуваме опции за дополнителните мерки кои Владата ги носи постојано, а се во интерес на земјоделците. Всушност, согласно денешните заклучоци секоја земја си го задржува правото да носи, да презема свои мерки и политики во функција на заштита на домашната економија и на домашното производство.“
