Николовски: Огревно дрво наместо кај граѓаните што го платиле, власта го извезе во Грција
За нови злоупотреби на владеачката гарнитура во ЈП Македонски Шум денеска обвинија од опозицијата, приложувајќи документи.
Имено, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство вели дека од истото министерство во јули 2015 е побарана дозвола за извоз на околу 30.000 метри кубни огревно дрво, со образложение дека домашната побарувачка се задоволува од домашни потреби, а веќе следниот ден министерот го одобрил барањето за бараниот извоз.
„Додека многу семејства на почетокот на грејната сезона останаа без дрвата кои ги имаа платено во ЈП Македонски Шуми и беа приморани да плаќаат и по 4.000 денари за метар кубен од приватните складишта, ЈП бара а Министерството одобрува извоз на близу 30.000 метри кубни огревно дрво.
Со ова наместо граѓаните да го добијат огревното дрво што го платиле истото се одобрува да се извезува во Грција“, обвинува Николовски.
Оттаму тој прашува кој профитира од оваа зделка на штета на граѓаните .
[gallery ids="196231,196232"] (За поголема резолуција на фотографиите кликнете на истите)