Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛОВСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Нови злоупотреби во договор за закуп на земја!

НИКОЛОВСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Нови злоупотреби во договор за закуп на земја!

Нови злоупотреби во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откри денеска дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски.

Тој приложувајќи документи тврди дека се фалсификувале договори за закуп на земја во село Брод, општина Новаци.

„Еве го договорот за краткорочен закуп на 35 хектари, земја која прво ја добива таткото на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател на Советот на општина Новаци, Димитрие Мицевски, а потоа со фалсификат, буквално со бришење и тоа со коректор на неговото име е напишано името на синот, Пеце“, изјави Николовски.

Еве го Записникот за воведување во владение на овие 35 хектари земја, се потпишува 10 месеци пред и воопшто да има договор за закуп на земјата. А како претседател на поткомисијата записникот го потпишува повторно раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, познатиот Илија Србиновски.

Тој запраша како може да се стави во владение нешто за што нема договор а потоа и толерира вакво класично фалсификување на договор за закуп на земја во сопственост на државата, кој подоцна е потврден од страна на министерството што се гледа од еден друг документ.

Николовски побара одговорност од министерот Цветков и го повика да одговори Колку хектари земја наместо кај вистинските земјоделци, на овој начин завршуваат кај луѓе блиски до власта?

[gallery ids="193047,193048,193049,193050,193051,193052,193053,193054"]
Слично

Поврзани вести