Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски бара од Владата пласман за јаболкото

Николовски бара од Владата пласман за јаболкото

Бараме Владата да преземе итни мерки во следниот период се со цел да се обезбеди пласман на јаболкото, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. 

Тој денеска при посетата на Преспа и Ресен, кажа дека е сведок на лошите земјоделски политики на власта.

„Ќе инсистираме преку субвенционирање на 30 отсто од трошоците коишто се транспортните за извоз да бидат покриени од државата. Токму преку оваа мерка, токму преку оваа директна финансиска поддршка од страна на државата сме убедени дека ќе се обезбеди пласман на земјоделските производи“ - рече Николовски. 

Вели проблем се неисплатените и нередовните субвенции, неисплатените субвенции во износ од 60% за осигурувањето на земјоделските посеви од страна на државата, ниските откупни цени и слично. 

„Но, како што и минатата година, така и оваа година, сведоци сме не само на лошите, туку и на криминалните политики на власта и на вмешаноста на власта и на локалните моќници во криминалниот откуп и во злоупотребите што се прават на грбот и маката на земјоделците“- вели  Николовски.

Тој бара да се стабилизираат цените на пазарот. 




Слично

Поврзани вести