Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нигериски студенти со сиптоми на ебола префрлени на Инфективна во Скопје

Нигериски студенти со сиптоми на ебола префрлени на Инфективна во Скопје

Надлежните здравствени служби на аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје пред два дена поради констатирана зголемена температура и симптоми кои асоцираат на заразната болест ебола ставиле во карантин две лица од Нигерија кои како што дознава „Охрид1“ се студенти на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле “ во Охрид.

Со нив од Нигерија допатувал уште еден колега – студент кај кого при прегледот не била констатирана температура или некој друг симптом и бил пуштен во Охрид.

Но како што дознава „Охрид 1“ и тој  денеска  поради контактите со нив итно е хоспитализиран и во мигов се префрлува во Инфективната клиника во Скопје, кaде веќе се на испитување и неговите претходно задржани колеги кај кои испитувањата ќе треба да покажат за што всушност се  работи.

(ИЗВОР:Охрид1)

Слично

Поврзани вести