Ни се заканува забрана за извоз на храна во Русија?
Македонија е осомничена за реекспорт на овошје и зеленчук од Европа во Русија, заради што би можела да добие забрана за увоз на прехранбени производи на рускиот пазар.
Руското тело за надзор на безбедноста на храната Росељхонадзор се сомнева дека европски производи преку Македонија завршуваат во Русија и на тој начин го кршат ембаргото за увоз на храна од европските земји.
Претставници на агенцијата денеска ќе одржат средба со претставници на македонската амбасада во Москва за да побараат објаснување од македонските власти за нивните сомневања.
Освен од земји-членки на ЕУ, во Русија е забранет увозот на храна и од Албанија и Црна гора, земји кои се приклучија на европските санкции за Москва.
Доколку се потврди дека земјава го кршела ембаргото можно е воведување на привремена забрана на увозот на овошје и зеленчук од Македонија. „Сепак ние се надеваме дека нашите две земји ќе воспостават систем што ќе ја спречи ваквата ситуација“, вели портпаролот на руската Агенција Алексеј Алексенко.
Слично
