Ни престојат пеколни температури од 40 степени целзиусови!
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека од денес ќе почнат да растат дневните температури, а од понеделник се очекуваат температури од 40 степени целзиусови.
Од Министерството за здравство препорачуваат на жештините да не се излегува надвор во временскиот интервал од 11 до 17 часот, носење на светла и лесна облека и консумирање на многу течности, а хронично болните да ја земаат неопходната терапија.
Граѓаните ќе може да се информираат како да се заштитат од високите температури, ќе добиваат препораки за здрав живот и ќе може да измерат крвен притисок. Ќе се делат и брошури со препораки за заштита од топлотен бран.
Слично
