НИ ПРЕДСТОИ ВИКЕНД: Предлог дестинација за уживање во природа доловена преку камерата на Самсунг Галакси С8+!
Со честото загадување на воздухот во Скопје, сите нетрпечиво чекаме да дојде викендот за да “избегаме“ во почиста средина. На само половина час од центарот на Скопје се наоѓа најчестиот избор кога станува збор за рекреација и уживање во природата – Водно. На врвот на Водно можете да уживате во било кое време, додека загадувањето во центарот на градот е на загрижувачки високо ниво.

Низ камерата на Самсунг Галакси С8+ ви ја доближуваме оваа прекрасна природа како идеа каде да се рекреирате овој викенд. Задната камерата на Галакси С8+ од 12 мегапиксели овозможува и фотографирање со HDR опција, што допринесува за ултра реален, тридимензионален изглед.

Со помош на овој уред, фотографиите кои ги направивме автентично го доловуваат реалното визуелно доживување и изненадуваат со својот квалитет, со чија помош се доловени речиси сите детали од пејсажите на Водно.

Предстојниот викенд, облечете се спортски, повикајте ги пријателите и упатете се кон Водно на чист воздух, а до тогаш нашата фото-галерија нека ви биде поттик за посета на природата!



