Ни имунитет на Трајко, ни интерпелација на Спасовски: Денес нема заседавање на собраниски седници
Без да каже зошто Собранието на Република Северна Македонија соопшти дека законодавниот дом денес нема да заседава.
Тоа значи дека се одложуваат две важни точки кои требаше да се најдат на дневен ред, на 86. и 88. седница пратеничкиот имунитет на пратеникот Трајко Вељаноски и интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски/
Пратениците, меѓу останотото, на ова седница треба да расправаат и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.
На дневен ред на 88. седница на Парламентот, меѓу другото беше и расправата за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите Предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.
