Економија, финансии, бизнис

Контакт

Незаборавна Pokemon авантура

Незаборавна Pokemon авантура

  • Недела, 18 септември, во 18:30 часот, на градскиот плоштад Македонија
  • Забава, натпревари и Lenovo смартфони и таблети за најдобрите

Најпопуларната игра на сите времиња, PokѐmonGO  стана неверојатен феномен со милиони Андроид и iOS корисници и целосно  го освои светот на гејмерите.

Недела, 18 септември е празник за сите Pokѐmon ентузијасти. Од 18:30 часот на градскиот плоштад Македонија, Македонски Телеком им овозможува незаборавна авантура во живона сите локални Pokѐmon трагачи и ги поканува на масовна Gym битка.

Настанот е од отворен карактер, а учесниците ќе имаат можност да разменуваат искуства, да се забавуваат со добра музика и игри и да се натпреваруваат за Lenovo смартфони или таблети.

„Сите сме сѐ уште опседнати и фасцинирани од PokѐmonGo чудесијата и јас играв за да можам да им ги пренесам на сите најдобрите трикови и совети како да извлечат најмногу од оваа заразна мобилна игра. Дојдете на плоштадот Македонија во недела, на 18 септември во 18:30 часот и ќе ви раскажам како можете да ги фатите најдобрите, дали ќе се појават ретките примероци и како најлесно и најбрзо да добиете вредни награди. Дојдете со желба за лов, расположение и мобилни телефони со полна батерија“ - изјави Гораст Цветковски, домаќин на настанот.

Ако сте и вие зафатени со  Pokѐmon треската, дојдете в недела иучествувајте во Pokѐmon потрагата на најдобрата мобилна мрежа.

Ви посакуваме успешен лов.

За повеќе информации, посетете ја страницата: https://www.facebook.com/events/167157960357041/


Слично

Поврзани вести