Незаборавна авантура среде урагани и земјотреси: Марга Сол за патувањето во Мексико и Доминиканска република
Од Европа за Карибите летала за време на најголемите урагани во тие предели, а во Мексико се чекирала точно во моментот на најсилните земјотреси кои, за среќа, биле на 500 километри од местото каде што престојувала. Македонската авторка, продуцентка и диџејка со интернационална кариера во детали ни го прераскажа своето двонеделно уникатно патување на другата страна од светот
Создава музика која ја пуштаат реномирани светски диџеи, нејзиното име редовно го има на компилации кои се дистрибуираат на различни континенти, има сопствена издавачка куќа и редовно настапува на Ибица. Нашата авторка и продуцентка Марга Сол (Маргарита Сотировска) повеќе од една деценија е присутна на интернационалната сцена, а неодамна првпат ги посети Доминиканска република, Флорида и Мексико.
Слично
