Невронауката како алатка за лидерство: Тренинг и конференција во Скопје со светски експерти
Во Скопје, на 17 и 18 јуни 2025 година, ќе се
одржат два исклучително значајни настани за сите професионалци заинтересирани
за современи пристапи во лидерството и донесувањето одлуки. Настаните се
фокусирани на примена на невронауката во лидерството, мотивацијата и
управувањето со луѓе - теми кои стануваат сè порелевантни во време на постојани
промени и предизвици.
На 17 јуни, во
просториите на М6 Едукативниот центар, ќе се одржи тренингот „Neuroscience
for Leaders: How To Boost Empathy, Trust & Motivation at Work“ со
д-р Николаос Димитриадис, научник и експерт со меѓународна кариера, кој е и извршен
директор на EY Applied Neuroscience Lab од Атина.
Интересно е што сите учесници на тренингот добиваат и БЕСПЛАТЕН пристап до следниот настан – конференцијата „Decisions, Decisions: Neuroscience and the Future of Leadership“, која ќе се одржи на 18 јуни, каде, покрај д-р Димитриадис, ќе имате можност да слушнете и други експерти и да дознаете и да се мотивирате како до подобри одлуки во работата и приватниот живот.
За учество може да се пријавите ТУКА.

Темите ќе вклучуваат:
- Примена на невронаука во маркетинг, HR, безбедност и бизнис трансформации
- Иднината на одлучувањето во ера на вештачка интелигенција
- Како функционира мозокот при донесување одлуки
- Зошто мозокот понекогаш работи против доброто лидерство
На настанот ќе учествуваат околу 120 експерти од областа на невролидерството, доктори, консултанти, вработени во компании и студенти.
· „Мозокот како лидер: Невронауката зад ефективното водство“Д-р Николаос Димитриадис, Главен извршен директор, EY Applied Neuroscience Lab, Атина
· „AI + Невромаркетинг: Иднината на одлучувањето“, Весна Кузмановиќ, Основачка на првата DIY невромаркетинг платформа, IMPALA Research
· „AI, невронаука и лидерство: каде се сретнуваат?“ Д-р Ирена Чаушевска, Основачка наNewMan’s Business Accelerator, истражувачка и докторантка по невронаука
· „(Неуро)лидерство на новото време: кога мозокот и емоциите работат заедно“, Наташа Ивановска и Биљана Велевска,Лиценцирани обучувачи и експерти за емоционална интелигенција преку Genos методологијата
· Case Study сесии – Примена во пракса, Претставници од компании ќе споделат конкретни искуства и резултати од користење невроалатки и емоционална интелигенција вомаркетинг стратегии, селекција и евалуација на кадар и подобрување на организациската култура.
Организаторите најавуваат уникатна можност за вмрежување, учење и инспирација од некои од најнапредните практики во областа на невролидерството.
Пријавувањето за конференцијата е отворено, а заинтересираните можат да се регистрирааттука. Попусти се достапни за групни пријави.
