Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невремето во Гевгелија направи штета од 240 илјади евра

Невремето во Гевгелија направи штета од 240 илјади евра

Птета во висина од 14,8 милиони денари (околу 240 илјади евра)кај 100 физички и шест правни лица направило невремето со пороен дожд и град кое кон крајот во февруари ја зафати општина Гевгелија. притоа беа поплавени 22 хектари со градинарски култури, овошни и лозови насади, станбени и помошни објекти како и дел од системот за наводнување „Вардарска долина“, информираше општинската комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди.

Според планот, предлог елаборатот каде што се регистрирани пријавените штети е  доставен до општинскиот Совет и за него ќе расправа на седницата на 26 април, посочија од комисијата.
Слично

Поврзани вести