Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ: Гром повреди четири лица во битолско, градот ги уништи ресенските јаболка!

НЕВРЕМЕ: Гром повреди четири лица во битолско, градот ги уништи ресенските јаболка!
Четири лица, меѓу кои две деца, се повредени во синоќешниот удар на гром во битолското село Граешница. Громот удрил во стадо овци, при што усмртил над 70 овци и овчарски кучиња, ги повредил двајцата овчари и уште две деца кои биле покрај стадото. Несреќата се случила откако овчарите се обиделе да го заштитат стадото под дрво, на ливадите покрај селото. Стадото не било осигурано. Голема штета од синоќешното невреме претрпе и родот на јаболка во преспанскиот крај. Град со големина на орев ги уништи ресенските јаболка. Градот кој паѓаше околу 10-тина минути, ги зафати и селата кои имаат најголем број садници на јаболка. Плодовите се речиси уништени и неупотребливи, а страдаа и покривите на куќите и автомобилите. Штетите допрва ќе се утврдуваат
Слично

Поврзани вести