Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невреме го уништи родот во долненско

Невреме го уништи родот во долненско

Невреме проследено со град синоќа околу 20 часот ја зафати општина Долнени, при што поплави куќи и уништи површини со тутун и жито.

Денеска на теренот ќе се утврдуваат штетите од силното невреме.  Најпогодени се селата Лажани каде се поплавени десетина куќи и селото Кошино. Мештаните со свои пумпи и со помош на Противпожарната единица од Прилеп ја испумпуваа водата од домовите. Штети има и во селата Житоше, Дебреште, Ропотово, Локвени и Борино.

Поради невремето синоќа околу 80%  од целата општина Долнени беше  без напојување со електрична енергија.

Слично

Поврзани вести