Неверојатниот живот на најмладиот милијардер во светот
Вчера излезе овогодинешното рангирање на милијардери на списанието „Forbes“, а според него Александра Абдресен е најмладиот милијардер во светот. Според изданието статусот на норвешката наследничка на голема компанија, која има само 19 години, изнесува 1,2 милијарди долари. Во 2007 година нејзиниот татко Јохан Андрес и префрли 42% од акциите на „Ferd“, јавнаи семејна инвестициска компанија. Тој исто така и пренесе 42% удел од компанијата на нејзината сестра Катарина, која пак има 20 годин и е втор најголем млад милијардер во светот. Нејзината состојба исто така се оценува со 1,2 милијарди долари. Неодамна беше потврдено дека Александра е најмладиот милијардер во светот, бидејќи норвешката влада ги објавува даночните декларации на луѓето над 17-годишна возраст.
Иако пораснала во едно од најпознатите семејства во Норвешка, тоа не е само уште едно богато дете. Александра е професионален велосипедист и има освоено неколку сериозни трки . Нејзините родители исто така ја воспитале да биде скромна и да штеди. Иако нејзината состојба се проценува на над 1 милијарда долари, таа всушност штедела пари како помала и возела исклучиво половни автомобили.
Погледнете како изгледа неверојатниот живот на Александра Андрес:
Таа е родена во 1997 година во Осло, каде што исто така пораснала.
Нејзиниот татко е Јохан Андрес, син на индустралистот Јохан Хенрик Андрес и Мариане Тереса Биелке.
Презимето Андрес успева да натрупа богатсво од својот бренд цигари „Tiedemanns“ кој Кланот го поседува до 2005 година под капата на компанијата „Ferd“. Денес „Ferd“ управува главно со хеџфондови. Компанијата инвестира активно како на берзата, така и во јавни компании.
Сестрата на Александра - Катарина, е една година поголема од неа, што ја прави втор најголем млад милијардер во светот.
Додека двете биле мали, домот секогаш им бил полн со животни. На „Instagram“ Александра споделува дека ги земале со нив двете коњчиња на остров на кој имале куќа, каде што се шетале слободно на имотот.
Тие исто така имале и неколку кучиња, меѓу кои и Бела (на фотографијата).
Така сосема природно уште од рана возраст тие почнуваат да ги сакаат коњите и како целина животните.
Во меѓувреме, нејзиниот татко го продава семејниот удел во тутунскиот бизнис на „Skandinavisk Tobakskompagni“ за речиси 500 милиони долари во 2005 година.
Две години подоцна Јохан пренесува по 42% од семејната компанија на Александра и Катарина. Тогаш Александра имала 10 години па Јохан сеуште ја контролира компанијата, а состојбата на Александра и Катарина стана јавна, само затоа Норвешка ги објавува јавно даночните декларации на сите луѓе над 17 годин. Александра започнува да се занимава со јавање од мала, а во последните години веќе има сериозна кариера како професиналист во натпреварите во дресирање. Таа е трикратен шампион на Норвешка за девојки.
Александра и Катарина наследуваат огромно богво атстод „Ferd“, но нивниот татко тврди дека тие нема да бидат принудувани да помагаат со управувањето на компанијата во иднина.
Засега изгледа поверојатно Катарина да почне да работи во „Ferd“, бидејќи веќе поминала стаж во компанијата. Таа моментно студира во „Amsterdam University College“.
Во интервју за списанието „Eurodressage“ минатата година Александра вели дека нешто со кое сака да се занимава до крајот на својот живот, е јавањето. Иако уште од рана возраст е свесна за можностите на своето семејство, Александра вели дека нивните родители секогаш ги учеле да штедат пари и ги терале да возат половни автомобили, пренесува „Telegraph“. Ако ги исклучиме натпреварите во возење, Александра избегнува да паѓа во јавното видно поле. Иако од време на време оди на одмор.
Александра има 24-годишен дечко кој се вика Јоаким Толефсен и е норвешки натпреварувач во ММА.
Љубовта на нејзиниот живот, сепак, останува јавањето, која доминира во нејзиниот профил на Instagram и воопшто во нејзиното работење во социјалните медиуми.










