Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕРОЈAТНИ СНИМКИ: Што крие подводниот свет на Антарктикот?

НЕВЕРОЈAТНИ СНИМКИ: Што крие подводниот свет на Антарктикот?

Австралиски научници со подводна камера направија снимки од необичен подводен свет.

Научниците овие кадри ги снимиле со камера која била спуштена низ отворот од мразот со цел да соберат податоци за морската вода во тоа подрачје. 

Подводниот робот снимил неверојатни снимки на Антарктикот, кои откриваат шарен подведен свет полн со алги, морски сунѓери, морски ѕвезди. 

Глен Џонстон, еден од научниците, изјавил дека обично кога станува збор за Антарктикот, се зборува за живот на површината, но овие снимки покажуваат дека под мразот се наоѓа динамично живеалиште за морските животни.

Овие видови цела година живеат во морска вода со температура не повисока од -1 степени, а десет месеци во годината се покриени со дебелина на мраз од метар и половина.

Според она што го наведуваат истражувачите, токму тој дебел мраз ги задржува овие подморски видови од уништување, но исто така и од опасностите што демнат на површината. 


Слично

Поврзани вести