Неверојатна приказна на руска лечителка: Најдов лек за четири видови рак!
Ванѓа ми сугерира од надвор како да помагам на многу тешко болни пациенти, тврди Људмила Кин.
"Со Ванѓа бевме исклучително блиски, но малкумина го знаат тоа. Денес повеќето блиски со неа се удираат во градите и дури си дозволуваат да си измислат искази од нејзино име. Јас не сум од оние ", изјавила за" Стандард "руската лечителка Људмила Кин. "Јас имам болен син. И добив одговор зошто мојот син е со хендикеп. Таа многу ми помогна, голекува , но не успеа до крај.Барем разбрав каде е причината. За мене таа е најблискиот човек кого сум го имала некогаш! ", Вели Кин.
"Кога не знам како да лекувам одредена болест, таа ми сугерира од надвор. Добивам визии со неа. Откако ќе го исполнам она што ми го подскаже, работите тргнуваат и јас се справувам со третманот. Ванѓа е мојот водич, мојата светлина, мојата духовна мајка ", објаснува уште лечителката.
На прашањето дали Ванѓа имала предвидувања за Сирија Кин одговара: "Да, точно е. Но, таа не зборуваше директно за предвидувањата туку претскажуваше. Треба висок интелект или разбирање, за да бидат правилно толкувани нејзините визии. Ванѓа секогаш зборуваше со огромна љубов за Русија. Им велеше на сите Бугари: "Држете се со Русија!". За Сирија зборуваше со жал, тага и милост. Не се сеќавам точно како звучеше пророштвото. Мислам дека имаше кажано: Горката Сирија, камен на камен нема да остане! ".
"Во основата на моите методи за лекување стои кинеската медицина плус моите најдобри познавања за билките. Не знам зошто луѓето не им веруваат на билките, што всушност е во основата на хемијата и на обичните лекови. Многу пати сум доаѓала во Бугарија. Со години сум ги изучувала билките кои растат на бугарска земја. Нивните својства се навистина чудесни, верувајте ми ", вели уште Кин.
"Цел живот сакав да го откријам лекувањето на ракот. Ова беше примарната задача која си ја имав поставено. Ракот е една од болестите на нашата ера, кои се сметаат за неизлечиви. Но всушност може да биде излечен - ако се открие навреме и ако Господ ти определил понатамошен животен пат.
Јас на пример го гледам ракот на дојка. Гледам кога дојката сака да се разболи, уште пред да биде премногу доцна. Во раниот стадиум препишуваат билки кои можат да го збунат и стопат туморот.Го користам "Змиското млеко". Имам посебен начин на кој ја давам оваа билка во комбинација со други работи, и така успевам да ја спречам болеста ", вели Кин.
"Не можам сеуште да го лекувам ракот на коските. Секогаш сум чесна со пациенти кои се заболени од рак. Проценувам дали може да им се помогне, или се дојдени кај мене предоцна. Сум лекувала рак на желудникот, на крвта, на дојката и на простатата. Ги лекувам сите видови на неплодност успешно! Причините за тоа се неколку: детска матка, изобличување на грлото на матката, пореметени и слаби сперматозоиди кај мажите ", објаснува уште лекувателката.
Машката неплодност често е поврзана или со трауми во детството, или сега од различни додатоци кои ги пијат момчињата и си го оштетуваат црниот дроб. А тој делува директно на сперматозоидите. За црн дроб јадете глуварчиња и моркови. Не плашете се да ги јадете вистинските наместо модерниата опција - рукола, тие се уште покорисни. Руколата е горчливиот афродизијак, зеленчук со уникатни хранливи и здрави квалитети. За бавни сперматозоиди на момчињата, и особено спортистите, да јадат сливи ", советува Кин.
"Други болести како миом на матката или видовите на дископатија за мене воопшто не е проблем да ги излекувам. Гледам дали Господ му определил на човек да поживее уште. Ако патот му е темен и е до тука, дури и не го почнувам третманот, бидејќи не можам да ги лажам луѓето и да им давам неоправдани надежи. Ако на човек му е пишано да живее, ќе оздрави, дури и да е болен од рак, ако не - може да умре и од грип ", категорична е таа.
