Закон за празници – неработни денови до Нова година
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, до Нова година по еден слободен ден ќе имаат Турците и католиците во Македонија.
Така, во среда на 25 декември, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед. Според Законот за празници, денеска по повод Денот на наставата на турски јазик, неработен ден треба да имаат граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Слично
