НЕОБИЧНО: Купуваат пиво во кеси
Во едно гратче во Кина пиво купуваат во пластична кеса.
Во градот Киндгао мештаните пиво купуваат во пластични кеси, пренесуваат медиумите.
Продавачот, Ванг Цицаи, кој дневно продава од 8 до 13 туби пиво, вели дека жителите оддамна таму го купуваат омилениот пијалок во пластични кеси.
„Тоа е практично и многу лесно“- вели тој.
По купувањето на пиво, мештаните кесите ги носат дома, а потоа пивото го истураат во чаши и го пијат како и сите останати.
Постои уште еден начин да го испијат пивото од кесата, а тоа е кога ќе направат дупка од страна.
Слично
