Економија, финансии, бизнис

Контакт

Необичен оглас: Се бараат спијачи, на одредено време!

Необичен оглас: Се бараат спијачи, на одредено време!

Меѓу бројните огласи за рабита на хрватскиот портал МојПосао овие денови се наоѓа и еден сосема необичен голас со кој се нуди ни помалку ни повеќе работа - спијачи (лица кои ќе спијат).

Работодавачот кој го објавил огласот, загребачката компанија K&K, за промоција бара две лица кој ќе спијат до 10 октомври, и тоа за „Perfect Dreams“, малопродажен ланец на специјализирани салон кои се занимаваат со продажба на душеци, кревети и пратечка опрема.

Во описот на огласот се наведува дека се бараат двајца кандидати (машка и женска личност) кои ќе ја обавуваат работата на спијачии „тестер“ кревет на тој малопродажен ланец.

„Доколку сакате да спиете и сметате дека спиењето е ваша идеална професија, пријавете се на конкурсот“, се наведува во огласот.

Меѓу условите кои треба да ги исполнат потенцијалните „спијачи“, освен што сакаат да спијат, се уште и да имаат Фејсбук профил, комиуникациски и промотивни вештини, да сакаат предизвици и се сметаат доволно храбри да се спротивстават на конвенционалноста.

Од кандидатите се бара и отворен ум, промените да ги видат како нешто позитивно, да сакаат неформално работно опкружување, се забавуваат или одмараат на работното место, лесно да се прилагодуваат и да имаат искуство - во спиење.

Предност ќе имаат кандидати кои ќе испратат најинтересно мотивирачко писмо, а да не е битно само спиењето се наведува и дека е потребно напредно познавање на англиски јазик.

Работата се нуди, како велат, на одредено време, а огласот може да го погледнете овде.

 И.Р

 
Слично

Поврзани вести