Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема простор за говор на омраза и дискриминација на кандидатките за градоначалнички и советнички на претстојните локални избори

Нема простор за говор на омраза и дискриминација на кандидатките за градоначалнички и советнички на претстојните локални избори

Насилството врз жените во политиката се манифестира во повеќе облици, најчесто како мизогинија, сексистички, шовинистички и друг тип на напади и понижување, а тоа претставува директен напад врз демократијата и пристапот/правото до еднакви можности. 

Овие локални избори се тест за нашите способности и разбирање на правото на еднакви можности и слободни и фер избори. Жените го имаат истото право како и мажите да бидат активни во политичкиот живот, да придонесуваат со својата експертиза и знаење без страв од насилство во било која форма коешто негативно влијае на личниот, професионалниот и семејниот живот на жените политичарки, како и на нивото на целиот политички дискурс.

Затоа, ние членовите на Работната група за родова еднаквост1 , силно ги осудуваме сите форми на говор на омраза и дискриминација со коишто се нарушува правото на жените да учествуваат слободно и правично во изборниот процес како кандидатки. Ние се обврзуваме и дека нашите политички партии неодложно ќе преземат санкции и други дејствија против нашите членови кои користат несоодветен и дискриминаторски јазик или насилство со коешто се нарушува угледот на жените политичарки. Мораме да создадеме безбедно опкружување со цел и мажите и жените бидат политички активни и поддржани во нивните заложби да се кандидираат на демократски и слободни избори. 

Се надеваме дека ќе се стави крај на вербалните напади врз жените-кандидатки и дека предизборниот период и изборите ќе продолжат во фер и демократска атмосфера за сите учесници. 

Националниот демократски институт и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Сида) во моментов ја спроведуваат кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката" како дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените. Кампањата има за цел да се елиминира насилството врз жените во политиката и да се унапреди родовата еднаквост преку политичко учество, поддршка и поттикнување на жените да учествуваат во најголем можен степен во политиката, како резултат на нивните желби, предиспозиции и амбиции. 

Работна група за родова еднаквост: 

Вјолца Бериша, Алијанса за Албанците 

Арбен Таравари, Алијанса за Албанците 

Вјолца Муртези, Алтернатива 

Адмирим Халити, Алтернатива 

Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ 

Марија Митева, ВМРО - ДПМНЕ 

Мелинда Рашиди, Движење БЕСА 

Фатри Салуи, Движење БЕСА 

Силвана Кржовска, ДОМ 

Христа Најданов, ДОМ 

Бедри Фазли, ДУИ 

Арбана Пашоли, ДУИ 

Билјана Аврамоска-Ѓореска, ЛДП 

Игор Вељаноски, ЛДП 

Снежана Калеска Ванчева, СДСМ 

Марко Михаилоски, СДСМ


Слично

Поврзани вести