Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема поскапување на производите на „Дукат“ на македонскиот пазар

Нема поскапување на производите на „Дукат“ на македонскиот пазар
Нема промена на цените на производите на „Дукат“ на македонскиот пазар, реагираат од компанијата на објавите дека се планира поскапување на млечните производи од овој бренд. „Дукат Македонија нема да ја зголемува цената на производите од брендот ДУКАТ кои се пласираат на македонскиот пазар.Претставништвото на компанијата во Македонија ја донесе оваа одлука пред се водејќи сметка за стандардот и куповната моќ на потрошувачите во Македонија и покрај тоа што сите анализи покажуваат дека поради перманентното зголемување на цените на енергенсите, суровините и репроматеријалите кои се користат во млечната индустрија, драстично се зголемуваат трошоците насите домашни и регионални производители на млеко и млечни производи“, посочуваат од компанијата.
Слично

Поврзани вести