Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема поскапување на сметките за вода

Нема поскапување на сметките за вода
Нема да има поскапување на водата во Скопје, соопшти денеска директорот на ЈП Водовод и канализација, Стојан Србиновски. Според него со моменталната цена , претпријатието работи рентабилно и не се размислува за нејзина корекција, Како што информираше Србиновски, наплатата во Скопје се движи околу 80%, а технички загуби на вода се околу 38% отстои е над просекот кој изнесува до 25 % отсто. Сепак, посочува тој, во Скопје има доволно вода за пиење. „Жителите на Град Скопје пијат чиста, здрава и квалитетна вода, без хемиски препарати и без пречистителни станици и без потреба од третман, освен законската обврска за хлорирање на водата која стигнува до граѓаните. Овој благодет освен скопјани го имаат само жителите на Виена“,  истакна директорот на претпријатието.    
Слично

Поврзани вести