НЕМА ИЗБОР: Samsung го запира производството на Galaxy Note 7
Samsung Electronics го запре производството на својот нов Galaxy Note 7 после извештаите за самозапалување на уредот, откриваат извори за Ројтерс.
Големи американски и австралиски телеоператори исто така ја запреа продажбата на нови уреди откако авион мораше присилно да слета во САД поради чадот кој излегувал од уредот.
Тука се работи за уред од серија на кој би требало да му биде исправена фабричката грешка поради која првите серии сами се запалуваа.
Samsung не го коментираше веднаш стопирањето на производството додека изворот не открил дали е идетификуван проблемот. Од компанијата за Ројтерс рекле дека ги истражуваат извештаите со „проблеми со топлина“ и дека ќе преземат итни мерки за да ги решат овие проблеми во согласност со мерките кои ги одобри Комисијата за безбедност на САД.
