Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку скопски улици цел ден ќе останат без струја

Неколку скопски улици цел ден ќе останат без струја
Поради технички зафати во електро-системот, утре без струја ќе останат неколку улици низ Скопје. Како што јавуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија, од 8 до 17.30 струја ќе нема на улиците Апостол Гусларот, Киро Крстевски Платник, Ленинова, Никола Тримпаре, Борка Талевски и Коста Шахов. Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.
Слично

Поврзани вести