Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку скопски населби утре без струја

Неколку скопски населби утре без струја
Утре поради зафати на ЕВН Македонија, прекин на струјата ќе има во неколку скопски населби. Според најавите, од  8.30 до 12 часот струја ќе нема на дел од улиците Бапчор и ул. Лазар Поп Трајков, во населба Автокоманда. Од 10 до 15 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите во Стопански Двор, улиците 61 и 52. Од 9.30 до 15 часот, струја ќе немаат корисниците покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, помеѓу броевите 70 и 72, на територијата на општина Карпош. Исто така прекин ќе има во дел од село Сарај, а од 10.30 до 12 часот струја ќе немаат корисниците покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, но овој пат со број 74 и маркетот на Тинекс.
Слично

Поврзани вести