Неколку населби утре ќе бидат без струја
Според најавите одРегионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре без струја ќе бидат неколку скопски населби. Така, од девет до 12 часот струја ќе нема за корисниците од село Батинци, а од 9.30 до 11 часот и за дел од корисниците од улицата Ѓорѓи Скрижевски, кај Тасино Чешмиче.
Од 10 до 12 часот, струја ќе нема за дел од улиците Његошева, Гаврил Лесноски, Бриселска и дел од улицата Софиска во населбата Тафталиџе, од осум до 15,30 часот за дел од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош, а од 11 до 15,30 часот без струја ќебидат корисниците на дел од улицата Џумајска.
Струја ќе нема и во селата Сарај и Грачани во периодот од девет до 15.30 часот. Прекините се заради подобрување на квалитетот на мрежата во тие региони.
Слично
