Неколку факти за човечкото тело кои можеби не ги знаевте
Дали знаевте дека возрасниот човек има 96 коски помалку отколку кога се родил? И тоа не е единствениот чуден факт за човековото тело, еве кои ги одбравме ние:
-Ако ги извлечете минералите од една коска, така што ќе ја потопите за една ноќ во 6% раствор хидрохлорна киселина, коската ќе стане толку мека, што ќе можете да ја врзете во јазол.
-На секои дваесет лица има по еден со дополнително ребро. Обично е маж.
-Со просечна тежина и раст на тело, еден возрасен човек има 96.000 крвоносни садови.
-Просечниот човек има околу 100.000 влакна на главата.
-Кога гледате еден објект, во мрежницата тој е обратно. Мозокот ја поправа сликата, па така овозможува објектот да биде виден каков што е.
-Долниот дел на стапалата има повеќе потни жлезди и повеќе осетливи на притисок нервни завршетоци на квадратен сантиметар од кој било друг дел на телото.
-Исто како и отпечатоците од прстите, така и отпечатокот на јазикот е уникатен кај секој човек.
-Бубрезите ја филтрираат крвта и до 300 пати дневно.
-При раѓање телото има 300 коски. Откако телото ќе запре со својот раст, има 206 коски. Другите коски не исчезнуваат туку се соединуваат.
-Женската јајце клетка е најголемата клетка во човековото тело. Таа е околу 175.000 пати потешка од најмалите - сперматозоидите.
-Во првите шест недели од развојот на човекот нема разлика меѓу машкиот и женскиот ембрион.
-Човековите прсти се растегнуваат и преклопување околу 25 милиони пати во текот на животот.
-Човечкото тело содржи 30 000 милијарди црвени крвни зрнца.
