Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕЈМАР СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Не ми беше до живот по крахот на Мундијалот-ме спаси семејството

НЕЈМАР СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Не ми беше до живот по крахот на Мундијалот-ме спаси семејството

Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар открил дека тешко му паднал поразот од Белгија во четвртфиналето од Светското првенство во Русија.

Иако беа први фаворити за освојување на титулата, Бразилците застанаа уште во четвртфиналето.

„Бев многу тажен, не можев да ја гледам фудбалската топка. Не можев да го следам завршетокот на СП...Но тоа сега е зад мене. Мојот син, семејството и пријателите не можеа повеќе да гледаат како тагувам и поради нив морав да се вратам во нормала“, рекол Нејмар.

Наместо по добрите игри, Нејмар остана запамтен по валкањето на терен.

„Не знам зошто, но луѓето попрво го критикуваат играчот над кој е направен прекршок, отколку оној кој го направил. Во Русија отидов за да играм фудбал и за да го победам противникот, а не да примам удари. Критиките беа претерани, но доволно сум зрел за да знам да се носам со тоа“, рекол Нејмар.


Foto: Reuters

Слично

Поврзани вести