Неготино го слави Денот на вранецот
Во манастирот „Свети Ѓорѓи”, Неготино денеска го одбележува Денот на вранецот. како што информираат од Општината, традиционалната манифестација што ја организира локалната самоуправа е во рамки на неделата на виното „Свети Трифун 2013” по повод верскиот празник, заштитник на лозарите.
„Радува фактот што интересот за оваа манифестација секоја година е се поголем, не само од учесниците, туку и од гостите“ изјави градоначалникот на Неготино Пане Трајков. На Денот на вранецот учествуваат повеќе винарии, а посетителите можат да го вкусат нивното вино. Бројни настани се на агендата на прославата по повод „Свети Трифун”. Централната манифестација ќе се одржи во четврток кога на симболичен начин ќе се изврши ритуалот на кроење винова лоза
Слично
